Фудбал
ВИДЕО: Изгледаше како да го погодил куршум, а не копачка – Симеоне никогаш повеќе не го сретнал …
Диего Симеоне во својата играчка кариера имаше неколку скандали поради темпераментното однесување, но и самиот е свесен дека во една ситуација ја мина секоја граница.
Ова се случи кога Симеоне играше за Атлетико Мадрид, а беше во центарот на вниманието на 8 декември 1996 година, кога неговиот тим гостуваше во Атлетика во Билбао.
На овој меч имаше голема тензија на теренот и искри меѓу играчите на двата тима, но мечот го одбележа Симеоне кој жестоко го фаулираше противничкиот играч Хулен Гереро.
Симеоне тогаш во еден дуел намерно згазна на бутот на играчот на Билбао кој остана да лежи на теренот и побара лекарска помош кога виде дека крвари.
Многумина беа шокирани од ваквиот прекршок на Симеоне, а 25 години подоцна аргентинскиот стручњак призна дека тоа е веројатно најголемата глупост што ја направил во неговата играчка кариера.
„Тоа беше непотребна реакција. Секогаш бев силен и темпераментен на теренот, но тоа беше класичен напад на противникот. Разбирам колку беше погрешно тоа што го направив тогаш“, се сеќава Симеоне.
Против Атлетик играше уште неколку пати, но интересно е што никогаш повеќе не се сретна со Гереро, и што му е жал што никогаш не успеа да се извини за својот непромислен потег.
„Никогаш повеќе не се сретнавме. Играв уште неколку пати против Атлетик, но тој никогаш повеќе не беше на теренот на тие натпревари и никогаш не се сретнавме. Жал ми е што немав шанса барем да му се извинам, но понекогаш има работи за кои извинувањето воопшто не е доволно“, додаде Симеоне.