Други спортови
ВИДЕО: Измислен нов спорт, без ограничувања, за победа треба да се фрли противникот во канал
Полјаците измислиле нов спорт. Се нарекува wotore и е посебна верзија на MMA.
Во тој спорт нема ограда на ринфот, нема временско ограничување на рундите и борците се борат без ракавици. Полската спортска комисија го прифати wotore како нов боречки спорт, кој е измислен минатата година.
Пред три дена почна првата борба, одржана во напуштен затвор. Нема категории, нема рунди, дозволени се удари со глава по ММА правила, а за победа треба да се фрли противникот во канал со чад.