Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Јаховиќ ѝ донесе трет триумф по ред на Анталијаспор

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ имаше солиден натпревар во Турција и учествуваше со погодок на натпреварот против Ризеспор. Адис Јаховиќ во 73. минута од пенал постигна погодок за водство на Анталијаспор од 2-0 и така го доближи својот тим до нови три бода против Ризеспор.

На вториот натпревар Аланијаспор зададе удар и одигра 2-2 против Трабзонспор, со што шансите за Трабзон за титула се намалија. Башакшехир сега е лидер со 59 бода, пред Трабзон со 57.