Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Јапонците на македонски јазик ги поздравија македонските олимпијци-Напред Македонија!

Првите  македонски олимпијци пристигнаа во Олимпиското село во Токио во текот на денешниот ден, а се очекува наскоро македонската експедиција да се комплетира. Јапонците се покажаа како одлични домаќини, па снимија видео за топло добредојде за нашите спортисти. Во него е и градоначалникот на Чигасаки, место каде што ќе бидат сместени нашите спортисти, Хикару Сато, кој ги поздравува олимпијците на македонски јазик и вели Напред Македонија.

Олимпијадата ќе се одржи во Токио од 23. јули до 8.август, а Македонија ќе ја претставуваат 8 спортисти.