Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Јокиќ и компанија имаа шанса, но се покажаа како аматери во последниот напад за да избегнат пораз

Published

on

Денвер е поразен од Вашингтон со 110:112. Сепак, Никола Јокиќ и компанија имаа можност во последниот напад, во последните секунди да избегнат пораз, односно да го однесат мечот во продолженија. Сепак, се „бараше“ тројка, но не успеаха.

Форсирањето на шутот не е ништо ново во НБА лигата, па така и кошаркарите на Денвер во последниот напад, иако имаа неколку играчи пред противничкиот кош, наместо да одат на два сигурни поени, па да го израмнат резултатот и да има продолженија, форсираа за три, но не успешно. По акцијата која беше одлично изведена, одговорноста ја презема искусниот Кампацо, но за нивна жал промаши, иако имаа четири на еден, кога станува збор за играчи во тие моменти.

Инаку, Никола Јокиќ повторно имаше забележителна партија со 24 поени и 11 скокови, а Мареј уфрли 34 поени. За тимот на Вашингтон Бредли Бил беше предводник со 33 поени, следен од Хачимура со 20, но и од Вестбрук кој имаше трипл-дабл со 16 поени, 10 скокови и исто толку асистенции.


Резултати:
Филаделфија – Далас 111:97
Бруклин – Орландо 129:92
Њујорк – Сакраменто 140:121
Мемфис – ЛА Клиперс 122:94
Денвер – Вашингтон 110:112
Милвоки – Њу Орлеанс 129:125

Facebook