Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Јута победи и го изедначи рекордот за тројки на Хјустон, убедлив и Портланд

Published

on

Tимот на Јута игра одлично сезонава, така и продолжија во последната ноќ победувајќи го Орландо со 137:91.

Посебно расположени „Џезерите“ беа во шутот за три, постигнаа 26 тројки од кои 18 во второто полувреме што е исто така НБА рекорд.

Четврти пат Јута постигнува најмалку 25 тројки на една средба и така го изедначи рекордот на Хјстон од сезоната 2018/2019. Донован Мичел беше најдобар со 22 поени и 6/7 за тројка, а него го следеше Бојан Богдановиќ со 17 поени и 4/6 за три поени.

Facebook