Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Јувентус го раскина договорот со Маркизио

Искусниот играч од средниот ред Клаудио Маркизио (32) веќе не е член на Јувентус.

По 25 години во клубот во кој ги помина сите категории, Маркизио со раководството на старата дама се согласи на спогодбено раскинување на соработката и од денес е слободен играч.

Детето на Бјанконерите дебитираше во најтешките години на клубот. Тој играл 389 натпревари за клубот и постигна 37 гола.

Тој заминува како вистински шампион. Освои седум Скудета, четири пати Куп на Италија, и три Суперкупа на Италија.

Покрај Јувентус, една сезона играше на позајмица во Емполи и е еден од омилените членови на тимот кај навивачите на Јувентус.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com