Фудбал
ВИДЕО: Јувентус рутински со 2:0 славеше на гостувањето кај Динамо Киев
Андреа Пирло со победа тргна во Лигата на шампиони, вечерва Јувентус славеше на гостувањето кај Динамо Киев.Италијанскиот шампион од самиот страт тргна по победата, додека тимот на Луческу беше ориентиран во дефанзива. Јувентус имаше неколку добри шанси преку Киеза и Мората, но не успеа да ја затресе мрежата во првиот дел.
На стартот од вториот дел, напаѓачот се најде на право место во право време и една одбрана на голманот Бушчан ја смести во мрежата. На пет минути до крајот, Квадрадо испрати остра топка а Мората погоди со глава за 0-2.
Во вториот натпревар кој се играше во овој термин Клуб Бриж забележа голема победа на гости кај Зенит со 1:2.