Други спортови
ВИДЕО: Како изгледаше возилото нa Иџе по инцидентот во Монца
Најдобриот македонски автомобилист не ја заврши втората трка на ТЦР шампионатот во Италија, на патеката во Монца. Тој во финишот на втората трка, која се возеше денеска беше удрен од позади од страна на друг возач по што ја загуби контролата и удри во ѕидот. Тоа значеше крај за Игор Стефановски Иџе, кого го нарекуваат популарно Летечкиот Македонец. За жал поради овој ицидент Иџе пропушти да се искачи на подиумот. На вчерашната трка заврши на четвртото место. По денешната трка Иџе се огласи, рече дека е добро, се заблагодари на поддршката и порача дека вакви работи се случуваат на трките.
ВИДЕО-24auto.mk