Кошарка
ВИДЕО: Како НБА sвезда го поминува времето во изолација?
Sвездата на Јута Џез, Донован Мичел е еден од двајцата играчи во НБА лигата кои имаат коронавирус.
Одличниот кошаркар тестираше позитивно ден откако неговиот соиграч Руди Гоберт се покажа дека е заразен и двајцата кошаркари во моментов се во изолација.
Мичел одговори од изолација. Се чувствува добро и истакнува дека не може да почека сè да заврши.
„Благодарам на сите за многуте пораки за поддршка што ги добив. Се чувствувам добро и продолжувам да се опоравувам според упатствата на лекарите“, рече Мичел.
Забавите во карантинот не недостасуваат.
„Играм видео игри, но не можам да дочекам да се вратам на паркетот и да играм пред најдобрата публика во НБА лигата“, рече Мичел.
Мичел е навистина фантастичен оваа сезона и во просек има 24,2 поени по натпревар.
A message from @spidadmitchell pic.twitter.com/YtChd3eNng
— NBA (@NBA) March 14, 2020