Други спортови
ВИДЕО: Како пливаше најмладата македонска олимпијка, со само 15 години до прво место во квалификациска група
Најмладата македонска олимпијка имаше солиден настап на ОИ во Токио во дисциплината 100 метри слободно. Таа во својата квалификациска група заврши на првото место со време од 57:19 секунди, но сепак тоа време не беше доволно да се пласира во полуфиналето, каде одат 16-те пливачки со најдобро време.
Овој резултат е послап од нејзиниот со кој пред месец дена обезбеди Б норма и беше 57:13. 15 годишната македонска претставничка заврши на 40. место од вкупно 52 пријавени пливачки на 100 метри слободно. Најдобрите 16 се пласираат во полуфиналe.