Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков гол на Спировски од 30-тина метри на мечот на кој настапија петтмина македонски фудбалери

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски постигна велемајсторски гол од 30-тина метри кој ретко се гледа на фудбалските терени. Тимот на АЕК Ларнака за кој игра Спировски славеше со 2:0 на пријателскиот меч на Докса, а македонскиот репрезентативец ги постави конелните 2:0. На овој натпревар настапија дури пет македонски фудбалери.

Покрај Спировски, за тимот на АЕК играа Мојсов и Тричковски, а на голот на Докса беше Шишковски, кој сигурно уште долго ќе го памети голот на Спировски. За Докса играше и Душко Трајчевски.