Други спортови
ВИДЕО: Каков лапсус на претседателот на МОК, Јапонците ги нарече Кинези
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах предизвика реакции во јапонската јавност, откако домаќините на претстојните Олимписки игри во Токио по грешка ги нарече Кинези.
Бах минатата недела допатува во Токио, а вчера имаше состанок во седиштето на Организацискиот комитет на Игрите што од 23 јули до 8 август ќе се одржат во јапонската престолнина.
– Успеавте Токио да го направите најподготвен град за Олимписките игри. Ова е уште позначајно ако се имаат предвид тешките околности со кои сите мораме да се соочиме. Нашата заедничка цел се безбедни Игри за сите, за спортистите, за делегациите и што е најважно за кинескиот народ – јапонскиот народ, изјави Бах, брзо исправајќи ја својата грешка.