Фудбал
ВИДЕО: Каков меч во Торино, три голови за три минути, Несторовски го реши победникот
Каков само меч одиграа Торино и Удинезе, кој на крајот заврши со победа од 2:3 на гостите. Удинезе поведе со 2:0 со головите на Пусето 24 и Де Паул во 54-тата, но сепак набрзина доживеаја шок откако за само две минути го испуштија водството. Белоти во 66-ма и б7-ма Бонацоли израмнија на 2:2.
И кога домаќинот се понадева дека може и до пресврт, стигна студен туш од нашиот Илија Несторовски. Тој му донесе ново водство на Удинезе во 69-тата минута, а до крајот немаше промени на резултатот.
Ова е прв гол за Несторовски во оваа сезона. Последен пат нашиот напаѓач постигнал гол против Јувентус во јули оваа година во победата на Удинезе од 2:1. Но тој меч беше во претходната сезона.