Други спортови
ВИДЕО: Каков нокаут, Нгану е нов првак во УФЦ
Со класичен нокаут, Френсис Нгану го совлада Стипе Миочиќ во тешка категорија во УФЦ со што стана нов шампион. Иако беше голем фаворит пред мечот, сепак Миочиќ е нокаутиран во втората рунда. Нгану доминираше во рингот од првата минута и доживеа само еден сериозен удар, па вистинско чудо беше како Миочиќ не заработи нокаут уште во првата рунда.