Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков пенал му досудија на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето кај Астон Вила со 3:0, со головите на Фернандеш од пенал, потоа Гринвуд и прекрасниот гол на Погба. Сепак, најмногу „прашина“ крена пеналот кој му беше практично подарен на Јунајтед.

Во 27-та минута Бруно Фернадеш, во обид да направи „финта“, практично удри и го згазна бекот на домаќините Конса, а судијата досуди пенал. Ниту ВАР системот не влијаеше врз судијата да ја промени одлуката.