Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков подарок од Интер за Пандев, доби шампионски прстен!

Објавено:

Интер знае да ги цени фудбалерите кои на клубот донеле слава. Горан Пандев секако е еден од нив. Македонецот беше дел од генерацијата во 2010-та година која на чело со Жозе Мурињо освои триплета, домашното првенство, Купот и Лигата на шампионите.

Секако, раководството на тимот од Милано на најдобар можен начин на 10-годишнината од големиот успех остварен на 22.05.2010 им се заблагодари на сите. Им подари шампионски прстен во стилот на НБА лигата. Секако освен Пандев, сите фудбалери и стручниот штаб кои таа година беа дел од тимот добија ваков подарок.

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама