Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков шок за Манчестер Јунајтед во 96-та минута

Манчестер Јунајтед во 96-тата минута на свој терен остана без победа против Саутемптон, мечот заврши 2:2. Виновник е Обафеми, кој во шестата минута од продолжението погоди и му донесе бод на својот тим.

Претходно гостите поведоа преку Армстронг во 12-та минута, но сепак Јунајтед преку Рашфорд во 20-та и Марсиал во 23-та минута направи целосен пресврт. Сепак, на крајот кога мислеа дека мечот ќе заврши доживеаја шок.

Наместо победа и трето место, сега Јунајтед е петти со 59 бодови, исто колку и Лестер на четвртата позиција. Челзи е трет со 60 бодови. Овие три екипи на три кола до крајот ќе водат „мртва“ трка за пласман во ЛШ.