Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Каков скандал, Барселона не ја пушти својата ѕвезда да се качи во авион

По мечот Анадолу Ефес-Барселона, гостите на аеродромот во Истанбул го оставија својот играч Томас Ертел. Причината за ова е бизарна, односно се појавиле информации дека тој почнал преговори со ривалот Реал Мадрид за преселба во нивните редови. Каталонците постапија на овој начин бидејќи во последен момент разбраа дека нивниот кошаркар не преговара со Фенербахче, туку со својот голем ривал од домашното првенство.

Се шпекулира дека кошаркарот и неговиот агент подготвуваат тужба за Барселона.

Откако останатиот тим на Барселона се врати дома, новинарите ги прашаа кошаркарите за Ертел, но сите молчеа.