Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков срам за тимот на Мурињо, уште малку и ќе се испотепаат меѓусебно

Многумина очекуваа повеќе од Тотенхем оваа сезона, особено откако Жозе Мурињо седна на нивната клупа. Сепак, и „Специјалниот“ ги продолжи променливите игри како што беше случајот кога на клупата беше Покетино.

Следната сезона Тотенхем нема да игра во Европа. Се чини дека е далеку и Лига на Европа. Вечерва води Тотенхем против Евертон со 1:0, но сепак дамка на мечот беше инцидентот по завршувањето на првиот дел.

Засега причините не се познати, но откако судијата означи крај на првиот дел голманот на Тотенхем Хуго Лорис тргна жестоко кон соиграчот Хју Мин Сон, малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка, бидејќи и тој сакаше да возврати, но сепак другите фудбалери реагираа.

Жозе Мурињо навистина едвај ќе чека да заврши оваа сезона, а потоа да се сконцентрира на следната.

Сепак, се појави уште едно видео, пред почетокот на вториот дел, а барем според реакцијата на двајцата фудбалери, проблемите биле решени во соблекувалната.