Фудбал
ВИДЕО: Каква бламажа на Челзи
Екипата на Челзи доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Шефилд со 3:0. Тимот на Френк Лапмард одигра многу лош меч, со што позицијата за пласман во ЛШ ја доведе под знак прашалник, бидејќи сега Лестер и Манчестер Јунајтед имаат еден, односно два бода помалку, но и натпревар помалку.
Шефилд поведе во 18-та минута преку МекГолдрик. На пет минути до крајот од првиот дел МекБарни зголеми на 2:0, а конечниот резултат од 3:0 го постави МекГолдрик во 77-та минута. Домаќинот имаше уште неколку добри прилики до крајот, но сепак и ова е тежок пораз за Челзи.