Други спортови
ВИДЕО: Каква брука, голем срам на членот на НФЛ тимот Кливленд, гол се шеташе низ соседството, а влегол и во училиште
Неверојатни сцени создаде членот на тимот во американски фудбал Кливленд Браунс, Малик Мекдауел.
25-годишниот американски фудбалер е уапсен во понеделникот во градот Дирфилд Бич на Флорида додека целосно се шетал по улиците.
Мекдауел прво влегол во локално училиште. Кога се појавила полицијата решил да ги нападне и успеал да повреди еден од нив.
На крајот сепак заврши со лисици. Тој е уапсен и против него ќе биде поведена постапка.
Ова не е прв испад на овој фудбалер. Претходно има направено многу глупави работи, често беше на суд, но овој инцидент може да му стави крај на кариерата.
Браунси потпишаа договор со Мекдауел во мај минатата година. Овој дефанзивец започна на 14 од 15 натпревари во текот на сезоната и имаше 33 скока.
Сепак, реши да ја уништи и оваа шанса и тешко дека ќе добие нов договор.