Фудбал
ВИДЕО: Каква глупост на голманот на Вардар, „Црвено црните“ со пораз заминаа во Втора лига
Екипата на Вардар со пораз се прости од Првата лига. Следната сезона треба да игра во понизок ранг, односно Втора лига, што ќе биде прв пат историјата. Поразени се од Македонија ЃП со 2:0 на домашен терен. Петров и Божиновски беа стрелци на головите. Но, сепак сите зборуваат за катастрофалната грешка на голманот на Вардар, Илиќ кој практично му подари гол на Петров во 49-та минута.
Инаку, како што е познато одамна, шампион е Шкендија, која воедно ќе игра квалификации во Лига на шампиони, а во Лига Европа ќе играат Шкупи и Струга Трум Љум.
РЕЗУЛТАТИ ПМФЛ, ПОСЛЕДНО КОЛО
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 3:1
ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА 2:0
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1:1
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1:1
СИЛЕКС – СТРУГА ТРУМ ЉУМ 0:1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ШП 0:2
ТАБЕЛА: Шкендија 75, Шкупи 59, Струга Трум Љум 57, Македонија ЃП 55, Работнички 48, Пелистер 45, Академија Пандев 41, Борец 40, Силекс 36, Ренова 36, Вардар 31, Беласица 17.