Фудбал
ВИДЕО: Каква грешка на синот на Зинедин Зидан, прими гол од половина терен
Синот на Зинедин Зидан, Лука, направи катастрофална грешка по што прими гол од речиси половина терен. Тој е член на Реал, но како позајмен стои на голот на Расинг Сантандер, кој, пак, се натпреварува во Сегунда дивизион.
Сантандер загуби на домашен терен од Тенерифе со 2:1, а тој е директен виновник за поразот по катастрофалната грешка и примениот гол од половина терен. Сантандер е последен на табелата и следната сезона ќе игра во понизок ранг.