Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Какво невнимание на Кулибали, можеше да му искрши нога на Меси

Барселона води со 3:1 против Наполи во реваншот. Ленгле, Меси и Суарез од пенал се стрелци за Каталонците, додека Инсиње од пенал за Наполи.

Се игра навистина прекрасен меч, но малку фалеше да има и трагичен момент. Имено, дефанзивецот на Наполи Кулибали беше крајно невнимателен кога Меси му ја украде топката во шеснаесетникот, па наместо неа, го „шутна„ Аргентинецот кој почна да се витка од болки. За среќа се беше во ред со Меси, а Барселона доби пенал.