Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Капитенот на Ливерпул плачеше пред камерите, причината е Јурген Клоп

Џордан Хендерсон е прогласен за играч на годината во Англија. Неговиот Ливерпул ја освои титулата по пауза од 30 години.

Со оглед на тоа дека е пандемија, немаше официјална церемонија, а честиткте Хендерсон ги доби преку видео порака. Најемотивна беше онаа од страна на Јурген Клоп, поради која капитенот на „Црвените“ заплака пред камерите.

-Здраво пријателе. Едно од прашањата во фудбалот е што те прави вистински играч, дали е тоа талентот или ставот. Лично, мислам дека талентот е ништо без вистински став и секогаш ќе останеш само тоа, но ти си совршен пример од комбинација на двете. Кој би рекол дека момчето од Сандерлент ќе дојде во Ливерпул и ќе стане еден од најдобрите во Премиер лигата? Можеби си сонувал за тоа, но се сомневам дека си бил сигурен дека на крајот и ќе се случи, порача Клоп меѓудругото.