Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кариерата му беше под знак прашалник, можеше да остане без нога, но испратен како вистински јунак

Санти Казорла е фудбалерот за кој веројатно во иднина ќе се пишуваат многу текстови, но и ќе се прават документарни филмови. Овој 35-годишен фудбалер синоќа го одигра последниот меч во дресот на Виљареал.

Да не беше неговата упорност, кариерата одамна ќе му завршеше. А, сега најавува нови предизвици.
Кариерата ќе ја продолжи кај Чави во катарскиот тим Ал Саад.

Повредите му правеа проблеми во текот на кариерата. Во еден момент можеше да остане и без нога, но сепак неговата упорност на крајот се исплатеше.
Наместо поздрав од публиката, по завршувањето на синоќешниот меч на Виљарел и Еибар, фудбалерите на двата тима направија шпалир и го испратија како вистински јунак.

Казорла потекнува од овој тим, а освен во оваа екипа, одлична епизода имаше и во англиски Арсенал.