Поврзи се со нас

Кошарка

ВИДЕО: Катастрофален пораз на Фенербахче – ЦСКА со победа во Литванија

Басконија Виторија-Гастеиз ја прекина серијата од три порази во низа и во исто време ја зголеми кризата во турскиот Фенербахче со 86:68 победа во деветтото коло од Евролигата.

Турскиот гигант одигра одлична прва четвртина, ама потоа лесно го „положи оружјето“ во „Фернандо Буеса Арена“ во Виториа Гастеиз.

Алек Питерс беше кошмар за одбраната на Фенер, постигнувајќи личен рекорд од 25 поени 7 скока за да го подобри скорот на тимот од Баскија на 3-4. Рокас Гиедратис додаде 19 поени, а Зоран Драгиќ 16 за Басконија, додека Јан Весели беше најдобар за тимот на Игор Кокошков со 15 поени.

На последниот натпревар вечерва, уште еден шпански тим, Валенсија се радуваше на победа над Панатинаикос со 95-83.

ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО

Зенит Санкт Петерсбург – Химки 83:88 (27:19, 20:25, 20:19, 16:25)

Анадолу Ефес – Баерн Минхен 71:74 (23:22, 14:20, 20:8, 14:24)

Жалгирис Каунас – ЦСКА Москва 78:87 (17:26, 21:19, 20:21, 20:21)

Басконија – Фенербахче 86:68 (20:21, 25:15, 19:23, 22:9)

Валенсија – Панатинаикос 95:83 (22:21, 23:20, 25:25, 25:17)

loading...

Facebook