Фудбал
ВИДЕО: Катастрофална грешка која скапо ќе не чини, црвен картон и водство за Грузија
Катастрофална грешка во 67. минута од натпреварот Македонија-Грузија на арената „Тодор Проески“. Натпреварот беше изедначен, без шанси и мирен, но една груба грешка на Димитриевски промени се. Димитриевски излезе на 20 метри од голот, но топката незгодно му отскокна и играше со рака.
Полскиот судија Франковски му покажа директен црвен картон и Ангеловски мораше да менува.