Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ќе има пеколна борба – по 20 години Аталанта успеа да го победи Јувентус

Published

on

Аталанта со 1-0 го победи Јувентус, тоа е и прва победа по две децении на тимот од Бергамо над старата дама. Украинскиот интернационалец Руслан Малиновски е херојот на тимот на Аталанта во рамките од новото коло во Серија А.

Мечот беше решен во 87. минута кога Малиновски шутираше, топката го удр Алекс Сандро, го промени правецот и заврши во мрежата на Счесни.

За тимот од Бергамо ова беше петта победа по ред со која се искачи на третата позиција на табелата со 64 бодови на сметка на Јувентус, кој останува со 62 бода. Доколку Наполи вечерва го совлада Интер, „Старата дама“ може да падне на петтата позиција на табелата.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТРЕВАРИ:

Болоња – Специја 4-1
Лацио – Бенвенто 5-3

Facebook