Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Килиан Мбапе доби црвен картон со помош на ВАР технологијата

Екипата на Пари Сен Жермен избори финале во фудбалскиот Лига куп на Франција, откако синоќа го победи Рен на негов терен со 3:2.

Натпреварот ќе биде запаметен по користење на ВАР технологијата за помош на судиите дури четири пати при што беа поништени по два гола на двете екипи. Килиан Мбапе доби црвен картон, исто така со ВАР технологијата, со што судиите се повеќе се потпираат на технологијата.

Ривал на парижаните во битката за трофејот на 31 март ќе биде подобриот од пресметката меѓу Монпеље и Монако која на програмата е вечерва.