ВИДЕО: Кинез побара автограм од Буфон, а потоа следуваше лудило: Па, ти си од Вухан!

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е познат како голем шегаџија.

Легендарниот чувар на мрежата ретко кога е налутен во дружбите со навивачите, а синоќа по натпреварот против Милан на „Сан Сиро“ реши да подели неколку автограми.

Меѓу навивачите кои сакаа потпис од Буфон беше и еден Кинез, а Буфон не пропушти да се пошегува со него.

„Имаш корона вирус. Те гледам. Ти си од Вухан“, рече насмеаниот Буфон, предизвикувајќи смеа кај присутните.