Други спортови
ВИДЕО: Кинезите со прекрасна анимација ги најавија спортовите на Зимските олимписки игри во Пекинг
Остануваат уште осум дена до почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Игрите ќе бидат отворени на 4 февруари, а затворањето е закажано за 20 февруари.
Кинезите дадоа се од себе за да ги организираат Зимските олимписки игри. Арените се подготвени за најдобрите спортисти во светот во зимските спортови, како и придружните објекти.
Според најавите ова би можело да биде еден од најдобрите Зимски олимписки игри кои се одржани.
Во Пекинг спортистите ќе се натпреваруваат во 15 спортови и тоа: алпско скијање, биатлон, боб, скијање крос, карлинг, уметничко лизгање, скијање во слободен стил, хокеј на мраз, санкање, нордиско комбинирано, брзо лизгање на кратки патеки, скелет, ски скокови, сноуборд и лизгање на долги растојанија.
Домаќините преку одлично видео и прекрасна анимација ги најавија спортовите во Пекинг.