Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Кога ќе се разигра Лука Дончиќ, противникот нема никаква шанса!

Нова импресивна партија на Лука Дончиќ. Тој и Хардавеј Јуниор практично сами го совладаа тимот на Хјустон. Заедно уфрлија 63 поени, а останатиот дел од тимот имаше 50 поени. Далас славеше со 113:100.

Дончиќ го забележа својот 28-ми трипл-дабл, овој пат со 33 поени, 16 скокови и 11 асистенции. Словенечкиот кошаркар ја надмина границата од 1000 асистенции во НБА лигата, со што стана 11-тиот играч на кој му успеало тоа. Хардавеј постигна 30 поени.

НБА, резултати:

Орландо -Кливленд  103:93

Филаделфија -Шарлот  118:101

Атланта -Њујорк  108:113

Мајами -Оклахома  118:90

Торонто -Бостон  114:126

Хјустон -Далас  100:113

Милвоки -Детроит  125:115

Њу Орлеанс -Индијана  116:118 (по продолженија)

Голден Стејт -Сакраменто 137:106