Други спортови
ВИДЕО: Кога нема море, може и во собата – Швајцарката Јасемин Озер покажа како тренира во карантин
Швајцарката Јасемин Озер привлече внимание на социјалните мрежи на начинот на кој таа тренира за време на пандемија на коронавирус.
Бидејќи била принудена да остане во нејзиниот стан, таа нашла вистински оригинален начин да ги замени морските бранови во карантин.
20-годишната Јасемин поставила мрежа за лежење во средината на собата, на која ја поставила даската за сурфање, и вклучила фен наместо бранови.
„Оваа идеја ја добив од ништо. Веројатно ја искористив од здодевноста. Гледав што има при рака во мојата куќа, а најмногу ми помогна фенот. Само да можеше некој да истури морска вода и сол на моето лице. .. “, рече Јасемин.
Но, не застана тука. Таа реши да ја испроба даската на скалите во зградата.