Тајмаут
(ВИДЕО) Кога предизвикот ќе тргне наопаку: Англискиот фудбалер жонглирал со тоалетна хартија и го скрши лустерот во собата
Предизвикот за жонглирање со ролна тоалетна хартија стана вистински хит кај фудбалерите во домашна изолација.
Пандемијата на коронавирус целосно го наруши секојдневниот живот низ цела Европа, а тоа важи и за спортисти на чии клубови им е строго доделена домашна изолација.
Тие најдоа начин да ја „убијат досадата“ барем малку, а вирусни хит стана жонглирањето со ролна тоалетна хартија. Играчите објавуваат видеа и ги предизвикуваат своите пријатели, а истото тоа го сторија и Реган Чарлс-Кук, кој игра за Гилингем.
Овој 23-годишен фудбалер се снимаше за на Инстаграм, а предизвикот тргна на лошо. Тој жонглираше со ролна тоалетна хартија, но на крајот го скрши лустерот во просторијата, што тотално го извади од такт.
Англискиот фудбалер го избриша видеото што го објави, но веќе беше предоцна, бидејќи веќе се рашири на социјалните мрежи.