Фудбал
ВИДЕО: Кој ако не Ребиќ – Милан ја реши Рома!
Анте Ребиќ го постигна својот осми гол во девет меча во Серија А за Милан, за „росонерите“ да стигнат многу важна 2:0 победа над Рома во меч од 28. коло на италијанскиот шампионат.
Анте Ребиќ успеа некако да ја смести топката во мрежата на Рома во 76. минута, откако Римјаните одлично го бранеа голот, а беше погодена и стативата, но сепак топката ја затресе мрежата на гостите.
Милан се наоѓа на седмото место во Серија А со 42 бода, исто колку и Наполи. Рома, пак, е петтопласирана со 48 бода и поразот во дербито со „росонерите“ драстично ја оддалечи од Лигата на шампионите.