Тајмаут
ВИДЕО: Кој е најголем „уметник“ со топката? Кога Ибрахимовиќ го предизвика Роналдо
Тоа беше 2006 година, Златан Ибрахимовиќ имаше многу кратка коса и се уште играше за Јувентус. Кристијано Роналдо, од друга страна, беше талент кој се обидуваше да го направи пресудниот потег во Манчестер Јунајтед. Нивниот заеднички спонзор (Најк) беше пресреќен кога ги постави во реклама, при што Ирик Кантона делуваше како „медијатор“. Секој од вас повикувајќи се на видеото може да одговори на прашањето: Кој беше најголем „уметник“ со топката?