Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Конечно проговори Новак Ѓоковиќ, моќна порака која долго ќе одекнува!

Граѓаните на Мелбурн му даваат голема поддршка на првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој им се обрати со многу емотивна порака.

Тој преку телефон со помош на звучници им се заблагодари за поддршката.

„Моето срце заигра. Се надевам дека е и вашето. Нека црквата ви биде мирно место за да најдете мир и слобода. Нека црквата ви биде водилка. Најчистите емоции, а тоа е љубовта, ќе го спасат светот. Ви благодарам многу., уживајте“, им порача Новак на насобраните граѓани.

Тој се уште е во хотелот за мигранти, каде ја чека конечната одлука на австралиските власти за учеството на Австралија опен, но и престојот во таа земја.