Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Конор Мек Грегор на спектакуларен начин објави дека доаѓа по појасот на Хабиб

Конор Мек Грегор наскоро се враќа во октагонот.

Најголемата ММА sвезда во голема мера се подготвува за пресметката, а тоа треба да се случи во јануари против Дастин Поарие.

Многу е можно оваа борба да биде за новиот шампион во лесна категорија, појасот што го остави Хабиб Нурмагомедов откако реши да се повлече.

Додека Дана Вајт се надева дека Хабиб ќе се врати барем уште еден натпревар, шансите да се случи тоа се мали, па дефинитивно ќе добиеме нов шампион во лесна категорија.

Конор Мек Грегор е подготвен да биде тој. Денес, тој спектакуларно го најави своето враќање во лесна категорија и верува дека ќе биде новиот крал.