Тајмаут
ВИДЕО: Коронавирус ги испразни трибините, но Роналдо „лудо“ се поздрави со сите
Коронавирусот продолжува да предизвикува проблеми низ цела Европа, а тоа се одрази и во спортот. Така, во Италија овој викенд натпреварите во Серија А се играат пред празни трибини.
Овој факт го искористи и Кристијано Роналдо на интересен начин.
Познатиот Португалец, по пристигнувањето на стадионот „Алијанс“ пред натпреварот помеѓу Јувентус и Интер, реши да се пошегува дека нема никој на стадионот.
Откако се симнал од автобусот, тој ја „пуштил коската“ на празно, алудирајќи на фактот дека многу деца и навивачи едвај чекаат да ги поздрават своите херои, обично ги чекале на тоа место.
Откако ги „поздрави“ сите присутни, Роналдо „фрли“ чака на новинарите кои сето тоа го снимаа.
https://twitter.com/FutbolBible/status/1236737049488764928
Ширењето на коронавирусот во Италија резултираше со одлука да се одржат сите спортски настани до 3 април, без присуство на публиката, а не беше познато овој викенд дали ќе се играат натпревари или не.