Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Коси трева, стриже овци, молзе крави, фудбалска ѕвезда вели ужива во животот

Времето на карантинот поради коронавирусот, ѕвездата на ПСЖ, напаѓачот Единсон Кавани одлучил да го помине на фарма во родниот Уругвај.

Снимките кои се појавија станаа вирални на социјалните мрежи. Молзе крави, стриже овци, коси трева, но фудбалерот кој заработува неколку милиони евра на годишно ниво, вели дека токму сега ужива во животот.

Кавани ова лето сигурно ќе замине од ПСЖ, бидејќи му истекува договорот. Како негова следна дестинација се спомнува Атлетико Мадрид, со кого наводно има преддоговор.