Кошарка
ВИДЕО: Кралот Џејмс ја надмина бројката од 35000 поени
Леброн Џејмс во поразот на ЛА Лејкерс од Бруклин со 98:109 стана само третиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кој постигнал повеќе од 35.000 поени.
Леброн Џејмс дуелот меѓу Лејкерс и Нетс го заврши со 32 коша, 8 скокови и 7 асистенции, така придружувајќи им се на легендарноте Карим Абдул-Џабар со 38.387 и на Карл Мелоун со 36.928 поени. Џејмс со 35.017 коша стана и најмладиот играч со ова остварување, исто како и кога ги минуваше праговоите од 5.000, 10.000, 20.000 и 30.000 коша во кариерата.
Лејкерс на синоќешниот дуел настапија без Ентони Дејвис, кому лекарите му прогнозираа четирнеделни мирување поради проблемите со Ахиловата тетива, а кај гостите од Бруклин недостасуваше Кевин Дјурент.
Џејмс Харден ги предводеше Нетс со 23 коша и 11 асистенции, Џо Харис постигна 21 поен погодувајќи дури шест од седумте обиди за „тројка“, а Кајри Ирвинг додаде 16 поени.
35,000 CAREER POINTS @KingJames x @Lakers pic.twitter.com/C5p6dVEsmX
— NBA (@NBA) February 19, 2021