Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Крамариќ му носи победа на Хофенхајм

Хофенхајм славеше со 3-0 против Келн во 18. коло на германската Бундеслига.

Хрватот Крамариќ во седмата минута го отвори резултатот, а Баумгартнер во 28. минута зголеми на 2-0.

Крамариќ со гол од пенал во 75. минута на домаќинот му донесе 3-0 и лесно прокнижени три бода.

Хофенхајм со оваа победа се искачи на 11. позиција со 22 бодови, додека Келн остана во опасната заона со 15 бодови.