Фудбал
ВИДЕО: Кризата трае, Арсенал шест бода над опасната зона
Ништо ново кога е во прашање Арсенал. Кризата продолжува, трет меч тимот на Микел Артета е без победа. Ниту попладнево не можеа да го пронајдат патот до мрежата на домаќинот Барнли. Мечот заврши 0:0, па сега „Топџиите“ се само шест бода над опасната зона која води во понизок ранг.
HUGE let off for Arsenal ?
Jay Rodriguez clatters the bar and the ball bounces out ?
How did that not go in? ?#BURARS pic.twitter.com/Rk8pt0s8iv
— Goal (@goal) February 2, 2020
Тешко е да се поверува дека опстанокот на Арсенал до крајот на сезоната дека ќе биде загрозен, но сепак ова е една од најлошите сезони, особено откако замина Арсен Венгер.
Имаше Арсенал свои шанси на овој меч, но напаѓачите се изнапромашуваа. Свои моменти имаше и Барнли, а најголемата шанса беше во 80-тата минута на Родригез, кога топката практично за неколку сантиметри не ја помина гол линијата.