Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кутињо не сакаше да го прослави голот, но Милер му одржа лекција

Бразилецот Филипе Кутињо имаше своја вечер на мечот Баерн – Барселона. Во игра влезе во 75-та минута, а за неколку минути на теренот запиша асистенција за гол на Левандовски, а потоа и самиот два пати да се запише во листата на стрелците.

Бразилецот во Баерн игра како позајмен фудбалер од Барселона, па од почит кон неговиот тим од Каталонија не сакаше да ги прославува головите. Сепак, пристигна Томас Милер кој со гестикулацијата му порача на Кутињо дека нема потреба да се извинува што ја затресол мрежата на Тер Штеген. Очигледно дека реакцијата на Кутињо не му се допаднала на Милер.