Кошарка
ВИДЕО: ЛА Клиперс намали во серијата со Феникс
Лос Анџелес клиперс со совладаа Феникс со 106-92 и намалија на 1-2 во финалната серија на Западната конференција во НБА-лигата.
Пол Џорџ со 27 поени, 15 скока, 8 асистенции беше предводник на „Киперси“ до оваа победа во која свој придонес имаа Реџи Џексон со 23 и 3 асистенции, како и Хрватот, Ивица Зубац кој оствари дабл-дабл учинок со 15 поени и 16 скока.
И следниот, четврти натпревар, меѓу овие екипи, кој е закажан за недела наутро во 3 часот, ќе се игра во Лос Анџелес.
Вечерва на програмата е вториот меч од финалето на истокот, во кој Милвоки повторно е домаќин на Атланта тим кој пред два дена славеше победа во првиот дуел за водство од 1-0 во серијата подобар до четири.