Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ла Лига ги казни Меси и Барселона, па прославата на голот ја стави во конкуренција за најдобра

Правила се правила, мора да се почитуваат без разлика дали станува збор за емотивен момент. Имено, според шпанските медиуми Ла Лига го казни Лионел Меси со 600 евра и опомена поради начинот на кој го прослави голот посветен на Диего Армандо Марадона кој почина пред една недела од срцев удар. Воедно, Барселона е казнета по иста основа со 350 евра. Според правилата ниту еден фудбалер, во ниту еден случај не смее да го соблече дресот при прослава на голот, а токму тоа го стори Меси кој под дресот на Барселона носеше дрес на Њуелс Олд Бојс тим во кој пред крајот на кариерата играше Марадона, а Меси токму таму ја започна кариерата.

Интересно е тоа што токму оваа прослава на Меси се најде во конкуренција за најдобра прослава на гол на колото во Ла Лига. Видеото е објавено на социјалните мрежи на оваа лига, а можат да гласаат фановите.