Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Лацио го изненади Дортмунд

Фудбалерите на Лацио ги надминаа лошите игри во Серија А и со победа ја отворија сезоната во Лигата на шампионите, откако во Рим, падна Борусија Дортмунд со 3-1 (2-0).

Имобиле уште во 6. минута погоди за 1-0, а во 23. минута Хиц постигна авголот за преднос на домаќините од 2-0.

Во 71. минута „милионерите“ преку Халанд намалија, но надежта траеше само пет минути откако Акпа Акпро стрелаше за 3-1.

loading...

Facebook