Фудбал
ВИДЕО: Лацио го суреди Сасуоло – Имобиле пак херој

Лацио на Симоне Инзаги стигна до својата четврта победа во низа во Серија А. Со пресврт стигнаа до трите бода во пресметката од 19. коло на Серија А.
Сасуоло ги шокираше Римјаните на самиот старт на мечот, кога погоди за 1-0, но Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја анулираше нивната предност со гол во 25. минута.
Лацио сега се седми со 34 поени, додека Сасуоло се две места подолу со 30 поени.
